ЗА НАС
О2 е иницијатива за заштита и одбрана на природата и обезбедување на чиста и здрава животна средина. Нашата борба е борба за чист воздух, почва, вода, урбанизација која ќе овозможи услови за хумано живеење, без индустриски црни точки, без нови рудници, без стотици каменоломи, диви депонии, со чисти реки и сочувана и заштитена природа. О2 иницијатива ќе се спротистави на секое искористување и уништување на природата, секогаш барајќи практични, одговорни решенија кои се во тек со времето во кое живееме, при тоа застапувајќи ги правата на сите граѓани за квалитетен живот во чиста и здрава средина.
Работиме :
- на зголемување на финансиите на централната и локалната власт за справување со загадувањето и заштита на природата,
- на принципите на заштита на кои државата е обврзана и мора да ги гарантира,
- на истражување на законски решенија и подобрување на законите,
- со притисок врз институциите за следење и санкционирање на загадувачите,
- со следење на работата на големите индустриски капацитети во поглед на заштита на средината во која функционираат,
- преку тесна соработка со пратениците во Собранието, советниците во Советите на општините и град Скопје, граѓанските здруженија и иницијативи, медиумите.
- но и на едукација на граѓаните за лична одговорност и заштита на природата.
О2 иницијатива се спротиставува на уништувањето на природата во сите нејзини сегменти, користејќи директна акција базирана на сериозно истражување и анализирање, но и отворен комуникациски пристап кон институциите и јавноста