О2 Иницијатива објавува повик за хонорарен ангажман на ИТ фирма/експерт за креирање платформа, посебен дел на нашата веб страна, за едукација преку соодветни мултимедијални содржини. На неа треба да има:

– Можност граѓаните да пријават анонимно на нашата веб страна преку посебен прозорец.
– можност за испраќање на дописи до советници од одредени општини (листа на советници со нивни е-маил адреси) преку нашата веб страна, преку посебен прозорец.
– поставување на разни линкови и контакти
– објавување на листа на е-маил адреси на пратеници
– поставување на линкови од Собрание, линкови за контакт до други институции
– поставени едукативни видеа и ПДФ материјал

Времетраење на ангажманот е два месеци и по потреба кратки интервенции до 31.08.2024.

Заинтересираните кандидатите треба да испратат CV и предлог цена на е-маил: [email protected]

Рокот за пријавување е 7 дена од објавата на повикот, до 16.04.2024.