Уште од 2011 година, па се до 2020 година, тече процес за планирање и изградба на гасоводна траса низ скопско Водно. Активистите и планинарите кажаа „НЕ низ Водно“, а меѓувремено се случија повеќе спорни, нелогични и контрадикторни постапки од институциите задолжени за изведба на гасоводот, но и за заштита на Парк-шумата.

Гасоводот на Водно е моментално закочен. Го нема ниту најавеното пошумување, како компензација за направените штети од машинеријата, иако беа издвоени 700.000 евра за оваа намена.

Радио МОФ направи времеплов, чекор по чекор, како гасоводот преку разна документација, набавки, препукувања и протести влезе во шумската зона на малата планина под која живее скоро пола Македонија.

Бојан Шашевски

Извор: https://www.radiomof.mk/vremeplov-kako-gasovodot-vleze-i-go-iseche-vodno/