„Само прашај“ праша што направија институциите со евидентните депонии и загадувачи снимени со дрон изнајмен од Државниот инспекторат за животна средина. Одговорот се сведе на – ништо. ДИЖС ги препратил до инспекторите во Град Скопје и до општина Карпош, но ни едните ни другите не реагирале. Сепак идржавниот и градскиот инспекторат најавуваат дека пак ќе снимаат со дронови. Нема меѓусебен протокол кој ќе постапува по снимките, но фирма за снимање има.
Повеќе во видеото на Институтот за комуникациски студии.