ЗАГРЕВАЊЕ НА ДОМОТ

Користењето на мазут како енергенс за затоплување припаѓа на општествата од минатиот век. Сите развиени држави на современиот свет оддамна го имаат напуштено овој метод за загревање и на домаќинствата, државните институции и приватните компании, кои би требале и би морале да бидат пример за еколошка и безбедна иднина. Нема никакви сомневања дека употребата на фосилните горива е штетна за животната средина. Гасовите што се создаваат при нивното согорување се отровни и опасни за човекот. Дополнително, овие согорувањето произведуваат околу 21,3 милиони тони јаглерод диоксид годишно, а научните проценки потврдуваат дека може да се апсорбира само половина од ова количество.  Она што не може природно да се апсорбира, останува во атмосферата и е главен причинител на ефектот на стаклената градина, што пак го предизвикува глобалното затоплување на планетата и промена на природните процеси.

Во земјава има над 60 здравствени установи кои за загревање користат мазут, нафта, дрва, меѓу нив и специјалните болници за белодробни заболувања, што е незамисливо. Ние со години по ред апелираме дека оваа пракса мора да престане веднаш, бидејќи државата е голем загадувач. Дополнително се трошат милиони и милиони евра за загревање на државните објекти со мазут, нафта, дрва…

Доколку забележите густ црн чад, чии последици можете да ги почуствувате веднаш во воздухот, при дишење, солзење на очите, непријатен мирис можете да се обратите на следниве институции:

–        УПРАВА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНA 02/ 3251- 419

–        MАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА 02/ 3251- 500

Користењето на вакви загадувачки енергенси за загревање на домови или институции, непосредно го загрозува животот и здравјето пред се на жителите во овие домови, а потоа и на сите кои живеат, работат или поминуваат дел од денот во близина на овие објекти.

Институциите кои се под грижа на државата, мора веднаш да бидат префрлени на гас, топлотни пумпи или други начини на еколошко загревање. Истото важи и за домаќинствата, топлотни пумпи, инвертори, иневестирање во квалитетни прозорци и врати, се само некои од начините на вашиот дом да му овозможите стабилна температура и да го чувате своето и здравјето на вашите најмили. Повеќе идеи можете да добиете на следниов линк:

https://denar.mk/99475/ekonomija/petnaeset-nacini-da-go-zagreete-vasiot-dom-bez-da-go-zgolemuvate-greenjeto