НАМАЛУВАЊЕ НА ЈАГЛЕРОДНИОТ ОТПЕЧАТОК
Јаглероден отпечаток или “carbon footprint” е пресметка на вкупните емисии на стакленички гасови или вкупниот јаглероден диоксид испуштен во атмосферата како резултат на активностите на една личност, организација, заедница, место, услуга, производ.
Стакленички гасови, вклучително и гасови што содржат јаглерод диоксид и метан, може да се емитуваат преку согорување на фосилни горива, расчистување на земјиштето и производство и потрошувачка на храна, произведена стока, материјали, дрво, патишта, згради, транспорт и други услуги.
Поедноставно кажано, покажува колку јаглероден диоксид е испуштен во атмосферата за време на одреден животен циклус или век. Преку едноставен пример со вода тоа би значело дека споредено со флаширана вода, количината на јаглерод диоксид кој еден филтер систем ја произведува за време на својот животниот циклус е значително помала т.е. 7g CO₂/литар споредено со 194g CO₂/литар за флаширана вода.
Свеста на граѓаните на Македонија за јаглеродниот отпечаток е на ниско ниво, со стил на живот и однос кон животната средина кои како да немаат никакво глобално или во најмала рака регионално влијание. Постојат многу начини да го намалиме нашиот личен јаглероден отпечаток, со употреба на филтер за вода наместо флаширана вода, со изборот на автомобил и гориво, со намалување на патувањата со авион, употреба на масло за готвење кое ќе се складира како отпад наместо да завршува во одвод, обновливи извори на енергија наместо фосилни горива (инсталирање топлотни пумпи или соларни панели во домовите), намалување на количината на отпад што го создаваме и неговото рециклирање итн.
Повеќе информации за намалувањето на личниот јаглеоден отпечаток на следниов линк: https://www.carbonfootprint.com/