КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

Без задржување на глобалното затоплување под границата од 1.5 степени целзиусови годишно, почнува неповратливиот процес на еколошки колапс, кој ќе го доваде под прашање опстанокот и иднината на целата планета. Научните истражувања предвидуваат дека без промена на актуелниот курс, надминувањето на овој праг и почетокот на ланецот на општата деструкција ќе се случи во 2030-та година. Без радикална, системска промена, немаме никакви шанси да ги избегнеме ефектите на климатските промени, кои за нашата држава, во Македонија, би подразбирале суши, пожари и опустошено земјоделство кое пак е основен извор на храна и приходи (трет најголем дел од бруто домашниот производ). Не само што не сме “климатски шампион”, туку и состојбата со животната средина во земјава никогаш не била полоша. Продажбата на државно земјиште е огромна закана, бидејќи природните ресурси се ненадоместливи, а нивното давања во раце на неколку повластени компании или индивидуалци ќе ја доведе под прашање иднината на цели генерации кои ќе останат зависни за вода и храна. Природните ресурси им припаѓаат на сите граѓани и тие не смеат да бидат отуѓени и приватизирани. Доколку главните извори на храна и вода во иднина се приватизирани и ќе биде изгубена можност на поединецот да делува во корист на здравите навики, односно да се одгледува и произведува органска храна.

Се бориме за заштитување на природните ресурси, чиста почва, стратегија за одгледување органски земјоделски култури, чиста и доволна вода за наводнување и сигурна иднина за сите.