ДВИЖЕЊЕ БЕЗ ЗАГАДУВАЊЕ ВО УРБАНИ СРЕДИНИ

Еколошки и финансиски најповолен начин на превоз; го викаат зелен превоз. Не само што е добар за Вашето здравје и добросостојба, туку со велосипед, електричен тротинет или пешачејќи, според инфраструктурата на нашиот градови, можете многу побрзо да стигнете до одредена дестинација. Пешачењето исто така, замената на автомобили со електрични автомобили, употреба на градски превоз се само некои од начините да ги намалиме немерливите недостатоци и негативни ефекти врз нашето здравје и нашата околина со кои се соочуваме секојдневно како последица на немањето еко стратегија за конечно решавање на транспортот како во главниот град така и низ целата држава. Количеството на јаглерод диоксид во 2020 како последица на користењето нееколошки транспорт е удвоено во однос на 2010, што и не е изненадување бидејќи бројот на автомобили од 130 на илјада жители во 2006-та година, во 2030-та ќе порасне на 400. Поразително е! Дополнитено проблемот со сообраќајот е интензивиран со десетиците илјади увезени автомобили на старо од цела Европа, напуштени од европските еко системи поради нивната застареност и несоодветност за учество во сообраќајот. Македонија е претворена во депо на стари возила, можеби најголемото во Европа. Сообраќајот останува да важи како еден од најголемите причинители за аерозагадување. Воведување биогорива за дел од автомобилите, исклучување на несоодветните превозни средства од сообраќај, замена на старите и еколошки средства во јавниот транспорт и информативни кампањи за подигнување на свеста, се приоритети на современото урбано живеење.

Остануваме гласни поборници за квалитетна мрежа на велосипедските патеки и зголемување на зелените и пешачки површини.