СТОП ЗА СЕЧЕЊЕ НА ШУМИТЕ
Додека грижата за животната средина преку една од „мерките“ кои властите ги промовираат за справување со загадувањето е сведена на ситна статистика за посадени дрвца, ситуацијата на терен ни ја покажува вистинската слика на нивната „грижа“.
Додека вртоглаво се градат нови населби во кои доминираат бетонот и асфалтите, а во истовреме зградите се продаваат со слики на зеленило околу нив, на терен единствените преостанати дрва немилосрдно се сечат заради проектирани нови улица. Според податоците на Државниот завод за статистика, бесправната сеча на шумите драстично расте од 2011 година, за да достигне неверојатен пик во 2019 година, од 45,795 м3 дрва, што е за 7️,5 пати повеќе од 10 години пред тоа, а двојно повеќе од претходната година, 2018!
Прашањата кои ги поставуваме се зошто инспекторите и надлежните институции дозволиле:
📍 Македонија да изгуби 38.6 илјади хектари шума, поради бесправна и прекумерна планска сеча на дрва, во период од 2001 – 2019 („Глобал форест воч“)
📍 Според проценките, нелегалната сеча да се движи околу 25-30% од вкупно исечената дрвна маса.
📍 Според проценките, „шумската“ мафија да заработува и до 25 милиони евра годишно од нелегалното сечење дрвја.
📍Да нема службена одговорност во МВР и во Македонски шуми.
📍 Во Македонија официјално нема заштитени шуми. Официјално прогласени биле околу 18.000 хектари (со нив стопанисувало Водостопанство со вработени шумарски инженери). Од пред речиси 20 години, кога шумите прејдоа под ингеренции на ЈП Македонски шуми се претопија во постојаните „шумско стопански единици“, односно шуми со стопанска намена и така се загуби статусот на заштитени шуми.
📍 Според картата на ерозии дури 96,5 проценти од целокупната површина на Македонија е под процес на ерозија. Најчести причини за зголемените ерозии се лошото управување и прекумерното сечење на шумите.