ОГЛЕДУВАЊЕ ОРГАНСКА ХРАНА

Македонија е „мека“ за органското производство и како земја со плодна и обработлива почва се вбројува во светските листи на препорачани површини за огледување и производство на органска храна.

Органските производи не содржат генетски модифицирани организми, не се прскани со синтетички пестициди, не содржат дополнително додадени засладувачи, ароми, бои и емулгатори, како и помошни адитиви кои се забранети;  органската храна е посвежа и храната од органско потекло не содржи антибиотици.

Науката препорачува одгледување на локални или специфични производи карактеристични за регионот кој нуди потенцијал.

Погодни локации за ваков вид на производи се:

  • онаму каде почвата е незагадена,
  • незагадени подводни води,
  • околина каде што нема индустриски капацитети (тешка индустрија).

За градинарските култури пак препорачливо е да се одгледуваат во близина на реките.

Со самото тоа што ќе изберете органска храна, придонесувате:

  • да не се загадуваат почвата и водите,
  • за стабилност на екосистемите и минимално загадување на животната средина,
  • да се избегне ширење на болести,
  • да се поттикне подобар однос и грижа кон животните.

Во Репубика Северна Македонија имаме одлични услови за производство на органска храна, одлично земјиште и погодна клима, но за жал и недостаток на мотивација кај производителите да се занимаваат со ваков вид на производство. Бројот на фармери за органско производство во споредба со бројот на вкупната површина на хектари е многу мал, не ги задоволува потребите на домашниот, а уште помалку на странскиот пазар за органска храна. На оваа состојба треба ИТНО, системски и интензивно да се работи, да се поттикне интересот и зајакне јавната свест за бенефитите од производтсво и консумирање на органска храна. Ова не треба да е карактеристика само на поедини земји, напротив органската храна треба да е глобално прифатена култура и начин на живот со небројани бенефити по човековото здравје.

Неколку мали оази на органска храна во Р.С.Македонија за кои ги имаме и за кои можете повеќе да се  информирате на интернет се: „Камник Био Органик“, „Оргалела“, „Едноставно органски“, „Органик милк“.